Вести

Судови мислете му ја.

Од денеска започнува снимањето, анализирањето и оценката за работата на македонското правосудство.

Штип е центар на правосудните органи во регионот.Вниманието секако ќе биде насочено кон Штип.Но не само заради тоа што таква му е улогата на Штип, туку и заради бројните пропусти во решавањето на предметите.Иако судовите во своите годишни извештаи знаат да се пофалат со ажурноста, но има предмети кои низ судските лавиринти се влечат со децении.Има пресуди пак кои воопшто не се сообразни, па ако не ги врати апелација, ги враќа Врховниот суд.Има голем број на предмети за кои се произнесе судот за човекови права во Стразбур.Дилема е дали судиите ќе го издржат притисокот на предизвиците, а преку надлежните контролни механизнми судовите  и судиите во Штип се информирани, по принципот земи или остави.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter