Вести

10 пациент монитори донација на Телекабел

Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Клиничка болница-Штип ги промовираше новите 10 пациент-монитори наменти за коронарната единица, донација на штипската фирма Телекабел вредна десетина илјади евра (н.з).

Потоа  новата индустриска машина за перење на алишта за пациентите и за униформите на лекарите во операциските сали, како и трите лапараскопски апрати набавени од сопствени средства на болницата.Тој најави дека во тек е и тендерската постапка за набавка на ендоскоп, со кој лекарите ќе можат да дадат и нов тип на здравствени услуги на пациентите.Министерот за здравство рече дека новата Клиничка болница во Штип сепак ќе биде готова наредната година, наместо на крајот од 2018 година.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter