Вести

УГД во Кина

Делегација на УГД, го посети Универзитетот во Шенгјанг, Кина. УГД со овој универзитет има потпишано Договор за соработка, а при оваа посета се договори потесна соработка во вид на заеднички научни проекти и размена на студенти и наставнички кадар.

 

Двата универзитета во следниот период ќе остварат уште една средба во периодот на септември 2018 г. во Штип, каде што ќе се презентираат научните резултати, деталите за продлабочување на соработката, бројот на студенти кои од УГД би студирале во Кина, но и бројот на студенти кои од Кина би студирале на УГД.

Проректорот за настава на УГД Д-р Кирил Барбареев, деканот на Земјоделскиот факултет Д-р Љупчо Михајлов и Д-р Биљана Балабанова реализираа активни средби со ректорот на Универзитетот за хемиски технологии во Шенјанг, Кина, Баи Веи, директорот на Одделот за интернационална соработка, Ма Лима, деканот на Факултетот за базични науки и инженерство, Фанг Чјингшјонг, деканот на Факултетот за информациони технологии, Фан Липинг, и директорот на Колаборативен иновативен центар, Сонг Шјуџјун.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter