Вести

Музичка праизведба на ШКЛ

Штипско културно лето вечерва нуди убава музичка содржина. Концерт ќе имаат Виолета Арсовска сопран и Марија Максимова – пијано.

Концертот ќе се одржи од 20.30 во Уметничката галерија Безистен.На програмата се дела од авторите:Тодор Скаловски,Томислаф Зографски,Благој Цанев, Трајко Прокопиев. Карактеристика за нумерите кои ќе бидат изведени е што се работени според стихови на Ацо Шопов, Славко Јаневски, Киро Глигоров.Праизведба или прва изведба е делото на Тодор Скаловски со наслов “Ленка“, за кое текстот го има напишано поранешниот претседател на Македонија -Киро Глигоров.Покрај македонските автори ќе бидат изведени дела од Рахмањинов Хатце, а гост на концертот е оперска певица од Шведска Сесилија Вон Менцер.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter