Вести

Повисоки надоместоци

Со одлука на Влада денеска се донесени измени и дополнувања на Законот за заштита на децата, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

Со измените е предвидено зголемување на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Износот на утврдената висина на правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата се зголемува од 4.202 денари  на 5.021 денари. Исто така самохраните родители кои што имаат дете со специфични потреби со пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години наместо досегашните 6.303 денари ќе добиваат сума од 7.351 денар.За материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална помош и постојана парична помош, а коишто имаат дете со специфична потреба до 26 години додатокот се зголемува од 5.252,50 денари на 6.276 денари.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter