Вести

“Игнор“ за УО на Центарот за култура

Истакнатиот македонски режисер Александар Поповски, поднесе оставка, и при тоа ги посочи сите проблеми со кои како претседател на Управниот одбор се соочил во управувањето на Македонскиот народен театар.

Ако такви работи се случуваат во МНТ, не е далеку од тие појави и Центарот за култура “Ацо Шопов“ во Штип. Последниот пример за делењето на решенија по некаква нова систематизација ги усложни состојбите.Таму се делеле решенија по наводна систематизација, која Управниот одбор не ја разгледал ниту ја усвоил, барем во тој миг кога се делени решенијата. Таа поделба на решенијата предизвика огорченост, бидејќи се наградуваа лица кои со години ништо не работат, со години не играа во претстави, не учествуваат во создавањето на политика во културата, но затоа сакаат да бидат првенци, или во најмала рака драмски советници.Управниот одбор сеуште не добил одговор каде исчезнаа радијаторите од Домот на културата, ниту пак има одлука за програмата за следната година.Директорот е извршен орган, додека со институцијата управува Управен одбор, без одлука на Управен одбор ниту едно решение нема правно дејство.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter