Вести

Секретарот на Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.П. (60) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено  продолжено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот како секретар на општина Кочани, спротивно на Законот за агенции за привремени вработувања, преку агенцијата за привремени вработувања „Контакт Бизнис“ - Скопје во 33 наврати ангажирал 38 лица за извршување работни задачи во општина Кочани. На овој начин им овозможил на истите да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од 13.313.162 денари на штета на Буџетот на општината.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter