Вести

Нови жртви на патот Штип - Радовиш

На магистралниот пат Радовиш–Штип, во близина на рудникот Бучим, товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани 23 лица-мигранти од Шри Ланка и Бангладеш, управувано од непознато лице, излетало од коловозот и удрило во заштитна метална ограда од мост.

Возачот го напуштил возилото и побегнал. На местото на настанот починале две лица,  а 12 лица биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип (шест се здобиле со тешки телесни повреди и шест со телесни повреди) и сите се задржани на понатамошно лекување. Во Јавната здравствена установа Радовиш биле пренесени шест лица каде им биле констатирани телесни повреди. Околу 22.30 часот на автопатот биле забележани уште три лица, кои биле пренесени во Јавната здравствена установа Радовиш, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош две лица биле задржани во Полициската станица Радовиш, додека едно лице било префрлено во Клиничкиот центар во Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Радовиш. За време на увидот, од 16.30 до 20.40 часот, сообраќајот бил во прекин. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле пренесени во Институтот за Судска медицина обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter