Вести

УГД кулинарите најдобри

Во Ниш, Република Србија, се одржа Петтиот меѓународен гастро-туристички фестивал, во организација на Здружението на угостителски и туристички работници во Ниш, а истиот е под покровителство на  Министерството за трговија, туризам и енергетика на Република Србија, Туристичката организација на градот Ниш, Кулинарската федерација на Србија и WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни).

 

На фестивалот учествуваа околу 150 учесници, меѓународни судии, професионални готвачи и натпреварувачи од 24 држави, како: Русија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска, Турција, Македонија, Азејберџан, Велика Британија, Египет и др. На отворањето на фестивалот присуствуваа видни личности од градот Ниш, а церемонијата се одвиваше во Градското собрание каде што пред присутните се обрати градоначалникот на Ниш, г. Дарко Булатовиќ.

Учесниците на фестивалот кои се вклучија во натпреварувачкиот дел беа поделени во јуниорски и сениорски категории, а своите кулинарски вештини ги презентираа поединечно во повеќе категории на подготовка на јадења: јадења од риба, од месо, гулаш, чорби, пици, национални јадења, традиционална трпеза и др. Студентите од ФТБЛ кои нѐ претставија на овој настан се од насоката Гастрономија, исхрана и диететика на дисперзираните студии во Скопје: Ивана Ѓеоргиева, која освои златен медал во категорија Национална кујна на модерен начин, Влатко Стоименов, кој освои бронзен медал во категорија Национална кујна на модерен начин и Кристијан Савевски, кој освои бронзен медал во категорија Национална кујна – изложбена маса. Студентите на овој натпревар беа менторирани од страна на професорите Нако Ташков, Дејан Методијески и Оливер Филипоски.

Куриозитет на фестивалот беше подготвувањето на „најголемата плескавица во светот“ со тежина од 65 килограми месо и „мучкалица“ од 3.000 литри кои беа интересни за посетителите. 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter