Вести

Македонците исчезнуваат по природен пат

Според процената на населението (состојба 31.12.2017), во Република Македонија има 2.075.301 жител, што е за 13.007 лица или 0.6 % повеќе во однос на 2012 година и 30.124 лица или 1.5 % повеќе во однос на 2007 година.

Во периодот од 2007 до 2017 година, се забележува континуирано зголемување на доселените странци во Република Македонија.

Во однос на старосната структура, македонското население повеќе старее. Во периодот од 2007 до 2017 година, учеството на младото население (0-14 години) во вкупното е намалено од 18.5 % на 16.5 %, а учеството на старото население (65 и повеќе години) е зголемено од 11.4 % на 13.7 %.

 

Во периодот од 2007 до 2017 година, бројот на живородените е намален за 4.1 %, а стапката на наталитетот за 0.6 промили(живородени на 1.000 жители).

 

Промените во старосната структура на населението имаат своја рефлексија врз бројот на умрените лица во земјата.

Бројот на умрените лица придонесе за зголемување на стапката на морталитет, која во 2017 година изнесува 9.8 промили (умрени на 1000 население) укажуваат од ДЗС.Во периодот од 2007 до 2017, се забележува намалување на бројот на склучените бракови за 11 % и зголемување на бројот на разводите за 40.7 %.Сите овие податоци посочуваат на можен негативен природен прираст во иднина, што неминовно води кон намалување и бавно згаснување на македонската популација

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter