Вести

Оператори, здравство, на штета на тие што чекаат операција на око

Системска фалинка ги закочи операциите на очи во клиничката болница.

Последната операција на катаракта е направена на 17-ти мај годинава, оттогаш на очното одделение не се вршат хирушки зафати, поради немање на бројни материјали и средства.Директорот Ален Георгиев, вели дека Клиничката болница го распишала навреме тендерот, се пријавиле повеќе фирми, да ги набават потребните материјали наведени во јавниот повик.Она што го закочи завршувањето на тендерот е специјалната дозвола за набавка на потребните медицински материјали, која ја издава Министерството за здравство и која се плаќа.Учесниците во тендерот како што вели Георгиев, предложиле, откако ќе биде одреден економскиот операторот тој потоа да го плати специјализираниот документ.Денеска во клиничката болница заседваша комисијата за јавни набавки и побара помош од Министерството за здравство да го реши проблемот што го предизвикува Законот, за да може да бидат набевени материјалите потребни за операции на очното одделение при Клиничката болница во Штип.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter