Вести

УГД и Клиничка болница на конференција за Цистична фиброза

Од 6 до 9 јуни 2018 година во Белград, Србија, ќе се одржи 41. Европска конференција за цистична фиброза.

На конференциијата активно учество ќе имаат aсистент д-р Марија Димитровска-Иванова, д-р Ирена Николова, д-р Марија Караѓозова и д-р Луиза Донева. На конференцијата се очекува да учествуваат околу 2.500 учесници од целиот свет. Цистичната фиброза е најчеста меѓу ретките болести. Од неа во светот се заболени над 80.000 луѓе, а во последните дваесетина години е остварен голем напредок во лечењето, а очекуваната должина на животот на заболените е продолжена од две на 30 години. Некогаш исклучиво болест на децата, цистичната фиброза денес во најразвиените земји на светот стана претежно болест на возрасните.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter