Вести

Напушена Република Марихуанија

Македонија треба да го смени идејното решение на грбот на државата.Таму се наоѓаат чушки од афион,, предлогот е место чучки да се стават листови од канабис.

Еве зошто.Седум компании во Македонија со мешан капитал произведуваат канабис од кој потоа ќе се произведува масло за медицинска употреба. Интересите за оваа индустрија се зголемуваат и затоа владата работи на уште подобро уредување на оваа деликатна дејност. Очекувањата се дека покрај нови работни места, оваа индустрија може на државата да и донесе приход од приближно сто милиони евра годишно.Токму затоа не изненадува што луѓе до политиката и тие што досега се занимаваа со разен транспорт да бидат ортаци во производството на канабис и се останато.Покрај промена на грбот, во контекст со името и тоа треба да се промени, во Република напушена Македонија.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter