Вести

Храна за болните има, а лекови, услови- натака.

Клиничката болница во Штип кубури со елементарни лекови.Било кој вид на лек го купувате. Клиничката болница барем ваква каква што е, има големи проблеми со нехигиена.

Но затоа Клиничката болница дневно треба да издвои пари за храната што за пациентите ќе ја подготвата и служат од фирмата Бравија од Штип.Оваа малку позната фирма регистрирана за производство на храна, има работилница  на улицата Борис Кидрич број 20.Тоа е објект од штици на чие лице стои дека прават фаст фуд, однсоно скара и сендвичи.Фирмата ги има потребните документи, но со оглед на фактот дека според договорот треба да подготват поголеми количини на оброци, прашање е дали во тој објект може да се произведе толкава количина на храна, или пак ќе се примени финтата закуп на ресторан ( подизведувач) каде се произведува ваков вид на храна.Токму поради оваа недореченост, повикуваме Државниот санитарен и здравствен инспектор во Штип да извршат увид во тој објект и да ја информираат јавноста; дали истиот објект ги задоволува строгите норми на Хасап и Халал стандардите за производство на храна, потоа колку луѓе работат и колку од нив имаат регуларни санитарни книшки.

 

 

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter