Вести

Јавна расправа за пристап до здравствена заштита

Во организација на Министерството за труд и социјална политика се одржа јавна расправа со цел презентирање и јавна расправа за подготвените документи “Рамка за управување со животна средина и социјални прашања” и “Рамка за политиката за раселување“ за Проектот за унапредување на социјалните услуги.

Овој проект е финансиран преку заем од Меѓународната финансиска институција за обнова и развој (IBRD).Проектот има за цел да го подобри пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и пристапот до социјални надоместоци и услуги. Со Проектот се предвидува подобрување на условите во установите за предшколска возраст преку изградба на нови детски градинки/центри за ран детски развој, реновирање на постоечки детски градинки/центри за ран детски развој и пренамена на постојни објекти во центри за ран детски развој како и поддршка на спроведувањето на реформите во системот за социјална заштита и унапредување на социјалните услуги.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter