Вести

Ден на победата над фашизмот-Ден на европа

Одбележување на 9-ти мај Денот на победата над фашизмот, сега Денот на Европа организираше Универзитетот Гоце Делчев.

Одбележувањето започна со  концерт на студентите од Џез одделот од Музичка академија под раководство на проф. д-р Антонијо Китановски. Беше отворена изложба на плакати на тема „Миграции“ (Фоаје на Правен факултет), подготвени од студентите по Класично сликарство од Ликовна академија при УГД, под менторство на вон. проф. д-р Јана Јакимовска.Потоа беа промовирани низа од научни изданија, од кои ја издвојуваме промоцијата на книгата Тековите на Тесавуфот од Д-р Метин Изети, а промотор беше д-р Трајче Стојанов.За време на програмата беа презентирани и резултатите од истражувањето на студентите со наслов Евроатлантски интеграции на Македонија и спорот со името.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter