Вести

Младите фоклористи од “Еуроарт“ најдобри на Балканот

Академија „Еуроарт“ од Штип за време на викендот го освои првото место на Петтиот меѓународен фолклорен фестивал кој се оддржа во Параќин во Србија.

Најмладите од штипското друштво беа најдобри и го добија пехарот за освоено прво место во конкуренција на 10 фолклорни друштва од Србија, Бугарија и Грција, во категоријата на млади до 15 години.Тие се претставија со овчеполски игри и песни што остави одличен впечаток кај 12.члената жири комисија. Жирито беше едногласно дека во пет категроии, младите штипски играорци се покажале најдобро заради што и заслужено го освоија трофејот за прво место.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter