Вести

Труење имало три дена пред инспекцискиот надзор

16 лица во болница со салмонела.Над стотина побараа лекарска инервенција поради класични симптоми на труење со храна.

Но сето тоа е џабе.Овој викенд може повторно да бидат затруени новите сватови.Дури не е важно дали труењето е од  пирошка, набавена од Кочани, или салами набавени од магацин, не е важно ниту колкупати е подгревана храната.Ништо не е важно.Факт е дека луѓето се испотровија, како што е факт дека Државнот санитарен и здравствен инспекторат, до нашата редакција го  доставија овој одговор Државниот санитарен и здравствен инспектор од ПЕ Штип, по телефонско известување од ЈЗУ ЦЈЗ Штип за добиена пријава за заразно заболување (труење со храна) доставена од Инфективно одделение при ЈЗУ Клиничка болница Штип, за лица кој во текот на 21.04.2018 и 22.04.2018 год. биле на свадбена веселба во Ресторанот ПРЕЦИЗ во Штип, на ден 25.04.2018 год изврши вонреден инспекциски надзор во просториите на ресторанот при што од страна на Епидемиолошката служба беа земени материјали од жива и нежива средина, и врз основа на констатираната фактичка состојба наложи вонредна дезинфекција на сите простории на објектот како и вонреден санитарен преглед на дел од вработените, а по добивањете реултати од анализата на земениот материјал можно е да бидат наложени и дополнителни мерки.Со оглед на фактот дека сомнителната храна причинител на заболувањето е произведена во ДПТУ„Гицов„ Дооел од Кочани, од стран на ДСЗИ ПЕ Кочани, извршен е вонреден инспекциски надзор во ојбектот, земени се материјали од жива и нежива средина, и врз основа на констатираната фактичка состојба од страна на ДСЗИ ПЕ Кочани и законските надлежности на Инспекторатот, објкетот е записнички и со лента забранет за вршење на дејност.Важно е прашањето во овој случај зошто надлежните три дена по труењето отишле на инспекциски увид. во тој случај тапримероците од ресторанот не одговараат на фактичката состојба.Кој заборавил да  ги информира и зошто забравил да ја информира оваа здравствена институција.Труените се труени, тапанот може уште вечерва да рокне, и да најави ново труење.

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter