Вести

Натпревар по кулинарство

Студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на единаесеттиот по ред Национален кулинарски куп на Бугарија, кој се одржа од 19 до 21 април 2018 година на Меѓународниот саем во Пловдив.

Овој натпревар беше во организација на Бугарската асоцијација на професионални готвачи, која е членка на Светската асоцијација на готвачи, а поддржан од страна на Министерството за образование и наука на Република Бугарија, како и бројни спонзори.Студентите од ФТБЛ си ги одмерија силите во конкуренција на седум кулинарски тимови од Пловдив, Софија, Варна, Балчик и Русе во натпреварот за кулинарски тим, приготвувајќи предјадење, главно јадење и десерт. Никола Стојчевски, Марија Џингарска и Стефана Каратаjкова добија благодарници и сертификати за учеството на овој натпревар, како и покана за учество на Кулинарскиот куп следната година. Студентите на овој натпревар беа менторирани од страна на професорот Дејан Методијески.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter