Вести

Обука за ученици со оштетен вид

Денеска во просториите на Општина Штип, во голема сала, се одржа обука на специјални едукатори на тема „Инклузија на ученици со оштетен вид“.

На обуката присуствуваа претставници од Општина Штип, како и раководителот на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот, Шпетим Љатифи. На обуката се зборуваше за процесот на инклузија во Република Македонија, улогата на ресурсните центри во инклузивниот процес, карактеристиките на учениците со оштетен вид, процената на функционален вид и карактеристики насоките за водење слепа личност, како и за стратегии за работа со ученици со оштетен вид и индивидуален образовен план. Во оваа обука се вклучија претседателот на Сојуз на дефектолози на РМ, Горан Петрушев, професорот Буниамин Мемеди, професорката Ангелка Кескинова, како и психологот Соња Фортуманова

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter