Вести

Лајшманиоза го демне Штип

Зоонозата Лајшманиоза, демнее над Штип, чекајќи да ја собере вересијата.

Болеста ја односно паразитот го пренесува тропската мушичка Flebotomus papataci, преку каснување и вшприцување во кожата. Времето што поминува од инфекцијата (каснувањето на заразен Flebotomus) до појавата на првите симптоми на болеста (времето на инкубација) изнесува:од 7 дена до неколку месеци за Кутана (кожната лајшманиоза)од 10 дена до неколку години за Кала-азарЗаболениот човек, пак, претставува извор на зараза за Flebotomus-от од неколку месеци до две години.До излекување доаѓа спонтано или по спроведена терапија. Нелекуваните промени може да траат со месеци, па и години.Истот така, постои опасност паразитот да остане скриен во организмот и по повлекувањето на промените на кожата, и да дојде до рецидиви (враќање на болеста во случај на ослабнување на имунитетот).Болеста е распространета во региони каде има долги периоди на суво и топло време, односно во умерениот, тропскиот и суптропскиот климатски појас.Запрашувањето на комарците со средства за дезинфекција, со цел да се искорени маларијата, придонело и за намалување на бројот на Flebotomus-от и заболените од лајшманиоза.Болеста е регистрирана во 88 земји во светот, каде живеат околу 350 милиони луѓе.Авионското запрашување против комарци е вистинската превенција.Третманот треба да се преземе април мај кога комарецот е во фаза на ларва.Летото ќе биде малку доцна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter