Вести

Екскурзии за дерење кожа

649 евра за шест полни пансиони за екскурзија на основно училиште во Германија.Ваква цена требаше да биде планирана, доколку место автобуски учениците се превезуваат со авион.

Ваква цена можеше да биде доколку учениците беа сместувани во хотели со висока класа, а не по хостели.Проценките велат дека туристичката агенција што е организатор на оваа училишна екскурзија од само еден полн автобус ќе има чиста заработка или ќар од 20.000 евра.Се заборава дека училишните екскурзии во систем за задолжително образование, треба да се бесплатни за учениците, а буџетот треба да го затвори училиштето, општината или Министерството за образование. Вакво дерење со набилдани цени има само во Македонија.Па оттука и се наметнува прашањето, зошто УЈП не ги посети туристичките агенции и да го растресе нивното финансиско работење, односно немилосрдната лакомост за пари, на сметка на учениците и нивните родители.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter