Вести

Студенти и соларни панели

Електротехничкиот факултет и Соларната асоцијација на Македонија потпишаа Договор за соработка, со кој студентите на ЕТФ ќе можат да учествуваат во проектирање и изработка на соларни панели.

Ова, според Илија Насов, претседател на Соларната асоцијација на Македонија, е овозможено преку проект поддржан од УСАИД, насловен „Подобрување на вештините, производството и вработувањата во македонските микро, мали и средни претпријатија кои работат со соларна енергија и опрема“.Студентите полесно ќе се вклопуваат во моделот на кадри кои му се потребни на овој сектор, а компаниите ќе можат да учествуваат во создавањето кадри кои потоа ќе ги вклучат во своите тимови.На овој начин, студентите ќе добијат практични знаења и вештини, а пазарот на трудот обучен кадар подготвен да се вклучи во работниот процес

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter