Вести

Секој жител на Македонија е должен 1.200 евра

Заклучно со јуни годинава во Македонија имало 80.632 граѓани со блокирани сметки.

Во споредба со истиот месец лани нивниот број е намален за 504. Во истиот период имало 29.183 компании со блокирана сметка што е намалување за 4.813. Но, бидејќи и граѓаните и фирмите најчесто имаат по неколку трансакциски сметки вкупниот број на блокирани сметки е многу поголем и достигнува 233.412 Ова го покажуваат најновите податоци на Народната Банка (НБРМ).Бројот на граѓани со блокирани сметки бил највисок во октомври 2016-та кога надминал 93 илјади, оттогаш има тренд на постепено намалување.Кај компаниите, најмногу блокирани имало во октомври 2015-та, кога биле над 45 илјади. Македонските граѓани на банките им должат 2 милијарди и 470 милиони евра. За една година вкупните кредити се зголемиле за 173 милиони евра. Со тоа просечниот Македонец има кредит од речиси илјада и двесте евра.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter