Вести

ЕУ, НАТО и стопанството

Регионалната комора при Стопанска комора на Македонија беше организатор на трибината  „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“, а истата се  одржа во свечената сала на Правен факултет .

На трибината говореа Бранко Азески,претседател на Стопанска комора на Македонија , и заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.Тие со своите обраќања иницираа  дискусија за прашања врзани за темата.Усвојување и спроведување на европските стандарди, функционирање во рамките на единствениот пазар во Унијата, приливот на странски инвестиции, воспоставување долгорочни деловни партнерства со бизниси кои се дел од Унијата и Алијансата се само дел од прашањата кои се од посебна важност и интерес од кои зависи идниот развој на македонското стопанство.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter