Вести

Мак економијата преку ЕУ и НАТО

Универзитетот Гоце Делчев  е домаќин на Трибината: Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО.

Трибината ќе се одржи утре од 13 часот во свечената сала на Правниот факултет на УГД. Трибината ја организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Економскиот факултет на УГД. На трибината ќе учествуваат претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресурси, Кочо Анѓушев, како и претставници од УГД и од бизнис секторот.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter