Вести

Инвазија на пензионери во УЈП

Пензионерите од Штип започнаа со запознавањето на просториите на Управата за јавни приходи во Штип.

Причина е тоа што истите според најновите упатства на даночната управа е електронската евиденција. Доколку досега не биле по ниту еден основ евидентирани, нужно е тоа да го направат најдоцна до крајот на оваа година. Откако електронски ќе се пријават на системот потоа си ги потврдуваат податоците во УЈП. Пополнетата годишна даночна пријава преку електронскиот систем УЈП треба да ја достави до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година, а граѓаните ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците од пополнетата даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година. Во електронскиот систем досега се регистрирани 13 илјади граѓани.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter