Вести

Кој ќе вари ракија да се пријави во Царина

Земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол.

Според предложените измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок со просечна јачина од 45 отсто.Според одредбите, земјоделците кои сакаат да прават ракија должни се да се регистрираат во Царината. Во новиот закон е воведена и категоријата мали дестилерии. За да биде мала дестилерија, производителот треба да има вкупно годишно производство на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалоци од најмногу 2.000 литри.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter