Вести

Вредна донација на Телекабел.Вредна е здравје.

10 нови пациент монитори вредни 8.500 евра, Телекабел ги донираше на Кардиолошката единица на клиничката болница.

Д-р Сашо Николов, на прес конференцијата на која упати јавна благодарност на Телекабел за донацијата истакна дека овие уреди  пост оперативно ја следат состојбата на пациентот, покрај тоа уредите овоможуваат прецизно вбризгување на медикаментозни раствори, бидејќи создаваат притисок преку кој се одредува точната концентрација и време на дозирање.

Со овие нови уреди , но и со максималната посветеност на медицинскиот персонал, кардио единицата е рамо до рамо со ваквите единици во јавниот сектор во Скопје.Претставниците на компанијата “Телекабел“ истакнаа дека и натаму ќе го продолжуваат континуитетот на донации низ Македонија, но при тоа ги повикаа и другите стопански субјекти да донираат во секоја прилика.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter