Вести

“Ловец“ лови општински пари за ловџиски проект

Комисијата за финансии при Советот на општината денеска имаше седница на која меѓу десетината точки баша поставено и барањето од Ловечко здружение Ловец.

Тие бараат средства  околу реализацијата на нивниот проект Автентична куќа, на влезот од селото Судик, поради намалување на цените за инфрастуктура.Според замисленото оваа автентична куќа треба да биде направена , покрај тоа што ќе се отсликува селскиот амбиент, да може во неа да преноќеваат ловџии од Македонија и регионот, да пружа и други угостителски услуги.Овој проект според пресметките на Ловец би чинел 22.420 евра.Комисијата го подржа овој проект, со препорака  ндлешните одделенија при општината да направат проценка што и како натаму со овој проект.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter