Вести

Нема покачување на електричната енергија

Министерството за финансии, заедно со Царинска управа, уште од 2015 година работи на нов Закон за акцизи, како дел од процесот на усогласување со ЕУ директивите.

Во рамки на тој закон, се предвидува сите енергенти да станат акцизни стоки, вклучувајќи ги и електричната енергија, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот. Со тоа, ќе се овозможи следење на прометот на овие производи, но нивната акциза ќе биде 0 (нула) денари. Тоа значи дека нема да има никаква промена на цената на електричната енергија, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, поради новиот Закон за акцизи.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter