Вести

Канал 5 не потпиша договор и нема да се реемитува во Телекабел

Комуникациската компанија Телекабел и покрај настојувањата, не успеа да обезбеди потпишан договор за реемитување на Канал 5.

Согласно законите во Македонија, кабелските оператори се должни да имаат договор за реемитување во нивните мрежи со македонските телевизии, кои имаат дозвола за работа од надлежните регулаторни тела.Немањето на договор, значеше симување од понудата на Канал 5.И денес Телевизија Канал 5 не врати потпишан договор, па менаџескиот тим на Телекабел одлучи во понудата за своите корисници  да ги стави Раи Уно и Гранд 2.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter