Вести

Далечна е потрошувачката кошничка

32.383 денари му биле потребни на четиричлено семејство во Македонија во февруари за покривање на основните месечни потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Во споредба со јануари, вредноста на кошницата е зголемена за 29 денари, додека споредено со потрошувачката кошница од февруари 2017 година, таа поскапела за 297 денари.Минатиов месец најмногу пари биле потребни за храна и пијалоци – 13.395 денари, а 10.476 денари биле потребни за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари.За превоз на едно четиричлено семејство му биле потребни 2.349 денари, а за обувки 2.122 денари. Најмалку пари според синдикалната кошница се одвојувале за културни активности и за здравје.

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter