Вести

Македонските ѕидари,ѕидаат успеси по Европа

Градежната оператива од Македонија во првите девет месеци од годинава во странство извршила градежни работи во вредност од 1.914.606.000 денари, што е за 102,6 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Државниот завод за статистика објави дека во периодот  јануари-септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.Во периодот јануари-септември е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Албанија, Италија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, а на останатите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Полска, Словенија и Грција. 

 

 

 

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter