Вести

Sportski

Најнови спортски вести и резултати
  • Познат е составот на Вардар кој вечерва ќе истрча на теренот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје за реванш дуелот од 1. квалификациско коло против Пјуник. Во дефанзивата има една замена од првиот меч во Ереван. На левата бековска позиција сега се наоѓа Владица Брдаровски, додека Коста Манев оди на стоперското место заедно со … Познат стартниот тим: Вардар со двајца напаѓачи против Пјуник!

  • Млади фудбалери облечени во дресовите на Франција и Хрватска направија симулација на финалето од Светското првенство. Симпатичните момчиња во целост ги „ископираа“ своите идоли, само „Мбапе“ и „Погба“ требало да се исончаат повеќе за да изгледа пооригинално!?! Видео: Финалето на Мундијалот од „детска перспектива“

  • Голманот на Париз Сент Жермент, Алфонс Ареола, стана првиот играч по 36 години кој ја освоил светската титула, иако не играл ниту еден натпревар за неговата екипа. Сепак, Ареола не само што воопшто не настапи на Светското првенство во Русија, туку тој се уште нема одиграни ниту една минута за репрезентацијата, ниту во пријателски меч. … Се уште нема настап за Франција, а си доби златен медал

  • По трет пат на раководните луѓе на Барселона им беше соопштено дека нема да успеат во обидот да го донесат „бисерот“ на Ајакс, Френки де Јонг. 21-годишниот играч за врска е трансферна цел на Каталонците, но холандскиот гигант не сака да се раздели со фудбалерот по никоја цена. Истото важи и за талентираниот дефанзивец Матијас … Барса доби уште една „корпа“ од Ајакс

  • Главни трансфер желби на новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари се двајцата фудбалери на Јувентус, Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин. Двата клуба веќе ги започнаа преговорите, а италијанските медиуми пренесуваат дека Роман Абрамович лично допатувал во Милано да се сретне со челниците на „старата дама“. „Бјанконерите“ за двајцата фудбалери бараат 100 милиони евра, од кои … Јувентус бара 100 милиони од Челзи за Ругани и Игуаин

  • Светското првенство во Русија е зад нас, а еден од играчите кои остави најголем впечаток секако е Килијан Мбапе. Мбапе и пред ова Светско првенство вредеше навистина многу, а на Мундијалот стигна и наградата најдобар млад играч, воедно и највреден. Со четири постигнати гола на Мундијалот (еден во финалето), Мбапе покажа дека со своите 19 … ТОП 20 највредни млади играчи: Мбапе на врвот без конкуренција

  • Неколку дена пред трансферот во Јувентус, Кристиано Роналдо започнал да го плаќа својот долг кај шпанските власти поради обвинението за неплаќање данок. „Cadena Cope“ пренесува дека Португалецот веќе платил 13,5 милиони евра од целата сума која изнесува 18,8 милиони, па му преостануваат уште 5,3 милиони евра. Роналдо беше обвинет дека прикрил данок во висина од … Роналдо веќе почна да ја плаќа казната кај шпанските власти

  • Еден Азар веќе долго се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, денес се појави вест и дека Барселона е спремна да се вклучи во трката за неговиот потпис. Поради таквата ситуација во Челзи веќе размислуваат кој би можел да биде негова замена. Според пишувањето на „Спорт“, доколку Азар навистина го напушти „Стенфорд Бриџ“, „сините“ веќе … Ако Азар замине Челзи му спреми замена од 62 милиони фунти!

  • Еден од најпознатите фудбалски агенти, Фали Рамадани денес отпатува во Германија каде ќе работи на трансферот на хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ. Ребиќ одигра фантастичен Мундијал и го привлече вниманието на многу европси гиганти, а најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Крилниот напаѓач пред неколку месеци беше откупен од страна на … Рамадани отпатува за Германија – го носи Ребиќ во Баерн Минхен

Следи не на twitter