Вести

FIFA ќа заработи 6 милијарди долари

Светското првенство во Русија денеска започнува и за еден месец преку 64 меча, светот ќе го добие новиот фудбалски владетел, а најголеми фаворити се три европски и две јужноамерикански земји – Шпанија, Франција, Германија, Аргентина и Бразил.

И додека најголемиот дел од фудбалската јавност, типува, предвидува, анализира која селекција има најмногу адути, а најмалку маани, во Светската фудбалска федерација (ФИФА) уште на непочнато првенство тријат раце. Бирократите, кои вчера го изгласаа финансискиот извештај и буџетот на светската организација на Конгресот во Москва, најмногу се радуваат на неверојатниот финансиски успех. Причина – само СП во Русија ќе донесе вртоглави 6,1 милијарда долари.Според финансискиот извештај, ФИФА ќе има приходи од 6,1 милијарда „зелени банкноти“, што е за десет отсто повеќе од првите проекции што во светската организација ги имале проектирано, но во споредба со последниот Мундијал, приходите пораснале за 1,3 милијарди долари. Приходите само од ТВ-правата се покачени за два отсто во однос на таргетот од три милијарди долари, а спонзорските договори донеле 200 милиони „зелени банкноти“ повеќе од касата од проектираните 1,45 милијарди долари.Сето ова е доказ каков глобален бизнис е фудбалот и колку ФИФА од најголемиот фудбалски настан профитира.

Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Sportski

Најнови спортски вести и резултати
  • Денвер одлично ја започна сезона и после три одиграни натпревари имаат максимален учинок, последен клуб кој падна пред избраниците на Мајк Мелоун беше актуалениот шампион, Голден Стејт. Тимот од Колорадо игра одлично, а еден од клучните играчи е српскиот центар, Никола Јокиќ. Јокиќ доби нов договор со Наџентси оваа сезона и израсна во важен дел … Го заслужува новиот договор: Јокиќ во првите три натпревари има фантастични бројки!

  • Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп во натпреварот против Хадерсфилд им укажа доверба на не доволни опоравените Мохамед Салах и Џејмс Милнер и тие се вратија во натпреварувачки титам. И дефанзивецот на Вирџил Ван Дијк се врати на тренизните и ќе настапи против Црвена Звезда во рамките од третото коло во Лигата на шампионите, а денес … Клоп доби одлични вести пред Звезда, одличниот офанзивец се враќа во тимот

  • Фудбалерите на Црвена Звезда во среда со почеток од 21:00 часот во рамките од третото коло во Лигата на шампионите ќе се сретнат со англиски Ливерпул. Овие два клуба ги одмерија силите и во култниот натпревар во 1973 година. Токму затоа од Звезда посветија емисија само на тие натпревари. Интересно е што првиот натпревар на … Враќање низ историјата: Како Ливерпул некогаш „учеше“ од Црвена Звезда (ВИДЕО)

  • Kристиано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ и се обрати на новинарите на конференцијата за медиумите пред натпреварот помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Англиските новинари, не би биле англиски доколку Роналдо не го дочекаа со обвинувањата за силување и фактот што оваа година досега не доби ниту една индивидуална награда Португалецот … Роналдо: Јунајтед е силен тим, но и ние имаме свои оружја

  • Не може да се каже дека не ја послушаа пораката… Раководството на Баерн на конференцијата за медиумите бараа да се престане со критиките на нивна сметка. Од Баерн најавите за смена на Ковач ги нарекоа злонамерни и испратија силна порака дека Ковач нема да биде сменет и дека ја има нивната поддршка. Поради тоа се … ФОТО: Од Баерн побараа да нема критики, медиумите им одговорија – оригинално!

  • Maнчестер Јунајтед и Јувентус утре од 21:00 часот го играат натпреварот од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, а сите со нетрпение го исчекуваат Роналдо на тревникот на „Олд Трафорд“. Роналдо и во дресот на Реал Мадрид се враќаше на „Олд Трафорд“, но многумина веруваат дека ова е последна прилика навивачите на … ВИДЕО: Роналдо пристигна, Манчестер во транс!

  • После тешкиот пораз на гостувањето кај ПСЖ, Црвена Звезда во третото коло од Лигата на шампионите ќе гостува кај Ливерпул на „Енфилд“. Звезда секако е голем аутсајдер пред споменатиот натпревар, а лесно би можело да се случи да се најдат во полоша ситуација со оглед на проблемите на двајца фудбалери. Според пишувањето на српските медиуми … Звезда дополнително ослабена: На „Енфилд“ без најдобриот?

  • Менаџерот на Манчестер Јунајтед помина многу подобро отколку што се очекуваше. После инцидентот во дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Члези во кое Жозе Мурињо тргна физички да се пресметува со помошникот на Маурицио Сари кој буквално пред него го прославуваше изедначувачкиот погодок на „сините“, реагираше Фудбалската асоцијација на Англија. Се очекуваше Португалецот да биде казнет, … Mурињо добро помина, но неговиот „провокатор“ може да биде жестоко казнет

  • Како што е познато поранешниот сопственик на Милан од крајот на септември повторно е „газда“ на еден фудбалски клуб. Берлускони тогаш го финализираше купувањето на третолигашот Монца, а во новиот проект веднаш му се придружи и Адријано Галијани, десната рака од славните денови во Милан. Сега Берлускони во Монца доведе уште еден стар познаник од … Официјално: Берлускони во Монца доведе поранешен тренер на Милан

Следи не на twitter